Дали е ова новото момче на Кендал Џенер?!

Изгледа дека Кендал дефинитивно стави точка на својата врска со A$AP Rocky и ја најде среќата покрај еден згоден спортиста.

Кендал и кошаркарот Блејк Грифин се фотографирани заедно неколку пати, поради што почна да се шушка дека манекенката и спортистот се во тајна љубовна врска.

Тоа што највеќе ја подгреа оваа приказна тоа е нивниот заеднички викенд во популарното американско одморалиште, Хемптонс.

Како американските медиуми наведуваат, однесувањето на Кендал и Блејк одаваше блискост и нежност, па претпоставките за нивната врска ќе излезат вистинити.

Парот после викендот е повторно фотографиран во еден ноќен клуб каде лудо се забавуваа до доцните часови, а потоа си заминале со иста лимузина.