Дали “Bad Boys 3” доаѓаат на малите екрани до крај на 2017?

Култните акциони филмови “Bad Boys” кои сите ги гледаме по неколку пати може да имаат и своја трета франшиза, овојпат со друг сценарист во кои сепак главните улоги остануваат на Вил Смит и Мартин Лоренс.

“Bad Boys 2” за првпат е прикажан пред 14 години, а надежта дека “Bad Boys 3” би можел да биде снимен веќе одамна исчезна. Но, тоа навистина се случува, а одговорноста за филмот овојпат ја презема Џери Бракхајмер.

Во разговор за Yahoo, Бракхајмер открил дека филмот има нов сценарист кој веќе работи на сценариото. “Bad Boys 3” или “Bad Boys For Life” би требало да биде прикажан во 2017 година, меѓутоа сценаристот/режисер Џо Карнахан го напуштил проектот оваа година.

“Ние работевме на филмот, не знам ни јас колку точно години, а кога веќе многу од тоа беше завршено, повторно се одложи”, вели Бракхајмер.