Далас загуби но Дончиќ продолжува да импресионира

Далас загуби но Дончиќ продолжува да импресионира

Милвоки ја продолжи својата серија на добри резултати и славеше уште една победа на гостувањето кај Далас (107:122), а како што можеше да се очекува, најрасположени за игра беа двете најмлади ѕвезди во двата тима.

Јанис Антетокумбо повторно доминираше во рекетот и го заврши мечо со 29 поени, додека одличен беше и Лука Дончиќ кои своите 20 поени ги збогати и со еден потег со кој направи да изгледа смешен искусниот турски кошаркар, Ерсан Илјасова. Словенецот му продаде една маалска финта со лажно додавање, а овој потег ги воодушеви и американските коментатори.