Дакота Џонсон повторно сингл

Дакота Џонсон повторно сингл

Фронтменот на британската група „Колдплеј“, Крис Мартин и американската актерка Дакота Џонсон се разделиле по 20-месечна врска.

Според извор од опкружувањето на 42-годишниот Мартин, цитиран од весникот „Сан“, музичарот соопштил на своите пријатели дека веќе е слободен, откако со 29-годишната Џонсон одлучиле да преземат по различни патишта.

Веста е изненадувачка, бидејќи до неодамна се сметаше дека односите меѓу Крис Мартин и Дакота Џонсон се сериозни и двојката дури размислува за брак. Романсата помеѓу Мартин и Џонсон првпат беше откриена во октомври 2017 година.

Пред да се врзе со ѕвездата на „50 нијанси сиво“, фронтменот на „Колдплеј“ имаше врски со Џенифер Лоренс и Анабел Волис.

Крис Мартин има две деца од актерката Гвинет Палтроу, чиј брак траеше 13 години, потсетува изданието.