Чук – чук, смарт ѕвончето на Nelt веќе знае кој е!

Чук – чук, смарт ѕвончето на Nelt веќе знае кој е!

Калифорниската компанија Nest денес го претстави паметното ѕвоно Nest Hello кое што има и можност за препознавање на лице.

На тој начин ќе можете да се чувствувате побезбедно доколку некој непознат ви дојде на врата.

Nest Hello ѕвоното поддржува и снмање во HDR и секако, снимање во ноќен режим, што е карактеристично и за другите уреди на оваа компанија.

Паметното ѕвоно е опремено со сензори за препознавање на лице, баш како и на паметните безбедносни камери, така што секогаш ќе може да ги препознае на пример членовите на вашето семејство, пријателите и сите оние кои што често доаѓаат во вашиот дом.