‘Coffee table’ книги, нов тренди луксузен детал во домот

‘Coffee table’ книги, нов тренди луксузен детал во домот

Oвој период е идеален за мали измени кои симболично ќе означат нов почеток и ќе нè подготват за некои нови работни победи. Кога зборуваме за мали промени мислиме на мали ентериерни промени во домот!

Детал за кој нема да мора да вложите многу пари и време се популарните книги за на масичките за кафе. Овој детал е вистински симбол на луксуз и многу убаво го украсува центарот на секоја дневна соба. Исто така, некои книги немаат само декоративна функција, особено модните, за кои сме сигурни дека ќе ги разгледувате додека уживате во чашата од вашиот омилен пијалок. Најдовме голем број на убави корици и ги издвоивме подолу!