Чудна материја пронајдена на месечината

Чудна материја пронајдена на месечината

Кинескиот лунарен ровер Јуту2 (Зајак од жад 2) на Месечината наишол на мистериозна материја слична на гел кој наредниот период ќе се истражува.

Таму виделе заслепувачка супстанција , различна по боја, форма и текстура од околниот предел.

По дополнителното откривање на кратерот, Роверот бил испратен на попладневна пауза, а потоа повторно ставен во акција за време на попладневното сонце за да може да ја испита необичната материја од што е можно поблизу. Во овој период, тој го испитал кратерот користејќи видлив и близок-инфрацрвен спектрометар (VNIS), кој ја анализира светлината рефлектирана од разни површини за да се утврди хемискиот состав.

Претпоставка е дека е најдена поради удар на метеор кој ја дупнал површината.