Child & Family Foundation со донација за децата од Хондурас

Child & Family Foundation со донација за децата од Хондурас

Child & Family Foundation (Чајлд енд Фемили Фондацијата) направи огромна донација за децата од Хондурас. Имено, во последните неколку години фондацијата која е поддржана од myWorld (МАЈВОРЛД) и Cashback World континуирано придонесува со развој и нормална средина за децата од Хондурас. Пред неколку години започна со изградба на училиште креирано по највисоки стандарди, а оваа донација завршува со отворање на нова училница каде ќе ги соберат децата од 8 – мо одделение. Она што е интересно за оваа фондација е што секој од вас може да биде дел од неа и да донира средства преку следниот линк https://www.childandfamily.foundation/en/

Child & Family Foundation е хуманитарна организација со седиште во Грац, Австриа која е формирана во 2008 година. Нејзината главна идеја се базира на поддршка на деца, млади и фамилии кои имаат реална потреба од помош и развој. „Едукација. Можности. Иднина“ е нејзиното мото, а главно донациите на оваа фондација се фокусирани на „едукација за сите“

Во последните неколку години Child & Family Foundation има реализирано повеќе од 60 проекти за помош во повеќе од 30 држави. Беа изградени нови училишни згради, постоечките образовни институции беа реновирани, се обезбедија наставни материјали и училишни автобуси и се организираа школски излети. Свои активности има и во Северна Македонија со поддршка на децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци “Топанско Поле”, како и во други хуманитарни акции.