Четвртото продолжение на легендарниот филм Rush Hour 4

Четвртото продолжение на легендарниот филм Rush Hour 4

Глумецот Крис Такер сподели фотографија на која позира со Џеки Чен, а и двајцата ги држат четирите прсти подигнати најавувајќи го четвртото продолжение на популарниот филм “Rush hour”, пренесува Дејли Меил.

Сè уште не се објавени детални информации за филмот, но нагласиле дека многу е важен фактот дека овој проект ќе се оствари.

Крис Такер изјави дека многу му е важно да се сними филмот, бидејќи од 2014 година бил во долгови поради неплатени такси и мора да заработи 14 милиони долари за да ги врати и отплати долгот. Џеки Чен сака да му помогне, но тоа сака да го направи на што подобар начин и поради тоа ќе се потруди филмот да биде што подобар.

“Не сум воодушевен со овој филм, но изгледа дека добро се продава во Европа и САД, тогаш зошто да не го снимиме?”, рекол Чен во едно интервју додавајќи дека снимањето сака да започне што побрзо, бидејќи се чувствува премногу старо за снимање на акциони сцени.