Четири совети за јакнење на имунитетот

Четири совети за јакнење на имунитетот

Ширењето на корона вирусот, ама и брзата промена на времето кое се очекува, во прв план го става јакнењето на имунитетот.

Водете сметка за исхраната

Не, не треба да се “клукате“ со суплементи или да “пасете“, како што многумина на шега знаат да кажат кога некој ќе спомне здрава исхрана, туку  во својот режим на исхрана да додадете намирници кои се полни со витамини и минерали.

Најпрво потрудете се да внесете повеќе овошје и зеленчук, протеини, а помалку масти и шеќери…Освен тоа, важно е да јадете разновидна храна, за да може да внесувате различни витамини и минерали.

Силниот организам сега е приоритет: Оваа традиционална руска напивка го зајакнува…

Како една поважна намирница за имунитет експертите го посочуваат јогуртот. Богат е со бактериски култури кои се важножи за одржување на здравата микрофлора во цревата.

Инаку поголемиот “дел“ на имунитетот се наоѓа во цревата, па затоа и здрави црева се важни за целиот имун систем.

Не треба посебно да напоменуваме дека овошјето посебно важно за силен имунитет, а посебно витаминот Ц КОЈ ИМА СВОЈСТВА НА АНТИОКСИДАНТ  помага во јакнењето на имунитетот.

Витаминот Ц го има доста во лимонот и портокалите, но секако не треба да се држите само до ова овошје туку треба да јадете разнолично.

Како млечката ги чисти белите дробови и црниот дроб: Народен лек што се прави…

Медот е добар за имунитетот и општото здравје. Можете да го ставите во омилениот чај или едноставно да изедете лажичка мед со цимет, кој истотака е добар за здравјето.

Чај од ѓумбир истотака може да ви помогне

Измијте корен од ѓумбир излупете го ставете го во зовриена вода да одстои, засладете го малку со мед и ете ви го “еликсирот на здравјето“ .