Челси ја одби понудата за Вилијан!

Челси ја одби понудата за Вилијан!

На раководството на Челси не му требаше многу време да ја разгледа и одбие понудата на Барселона за бразилскиот репрезентативец Вилијан.

Каталонците беа подготвени за него да платат 55 милиони евра плус Малком. За сините тоа не е доволно иако навивачите на клубот сметаа дека Вилијан веќе го дал максимумот за Челси и дека е време да си замине. Ова не е прва понуда на Барселона за него, овој клуб и минатото лето сакаше да го донесе во своите редови, но не успеа.

Оваа сезона Вилијан одигра 31 натпревар за Челси и постигна четири гола и шест асистенции.