Часовник изработен од 150 милиони години старо дрво

Часовник изработен од 150 милиони години старо дрво

Златно крилесто суштество управува со златна кочија која пак ја влече златна пеперутка низ златна шума …

Истата златна сцена, врамена на задниот дел, создадена од 150 милиони години старо парче црвеникаво-кафеаво скаменето дрво.

Токму оваа визија, го зазеде своето место во новиот часовник Jaquet Droz, чие куќиште е направено од 18-каратно црвено злато, со подбројчаник од црн оникс кое е нагласен со црвено злато.

Моделот Loving Butterfly Automaton е создаден од мешавина на неверојатни материјали што обожавателите на швајцарскиот бренд ги обожаваат – бројчаникот е од Chinchilla Red, минерал пронајден во источна Австралија. Точното време му ја должи својата точност на механизмот за самостојно намотување на Jaquet Droz 2653 AT1.

Оваа верзија на часовникот ќе биде креирана во само 28 примероци и секоја ќе чини 126.000 американски долари. Брендот објави во март годинава дека дел од профитот од продажба на овие модели ќе биде дониран на добротворни организации кои се занимаваат со пошумување и зачувување на ендемични видови, како резултат на пожарите што претходно ја опустошија Австралија.