„Чарлевиот ангел“ одлучи да стане домаќинка

„Чарлевиот ангел“ одлучи да стане домаќинка

Камерон Дијаз има едноставна причина за одлуката да се повлече од светот на филмот– сака да се посвети на домот и семејниот живот.

За да се посвети во целост на семејниот живот со шест години помладиот сопругот Бенџи Мајден, Камерон сака да биде само домаќинка.

Една од најдобрите пријателки открива дека Камерон рекла дека завршила со филмската индустрија и нема намера да се врати на големото платно.

Последниот филм Камерон Дијаз го снимаше во 2014 година, тоа беше музичката комедија Ени.