“Captain Marvel” заработи 300 милиони долари

“Captain Marvel” заработи 300 милиони долари

“Captain Marvel” оствари заработка од речиси 170 милиони долари во првите четири дена од прикажувањето, а во првите шест таа сума се зголеми на 325 милиони долари.

Критичарите очекуваат дека оваа бројка ќе надмине 500 милиони во текот на оваа седмица.

Бри Ларсон е главниот лик во новиот филм на Марвел и воедно првиот женски супер херој на Марвел кој има свој филм. Во филмот глумат и Керол Денверс, пилотката која стана капетанка Марвел после што Земјата се најде насред галактички конфликт во 1995 година.

Останатите улоги во филмот ги толкуваат Семјуел Л. Џексон, Бен Менделсон, Џимон Хоунсоу, Ли Пејс, Лашана Линч, Џема Чен, Анет Бенинг, Кларк Грег и Џуд Ло.

Ларсон повторно ќе се појави во улогата на капетанката Марвел во претстојниот филм на “Avengers: Endgame” кој ќе биде прикажан во април и кој воедно е последен дел од франшизата на Avengers. Последното продолжение на Avengers оствари заработка од две милијарди долари и така упадна на листата на која се “Avatar”, “Titanic” и “Star Wars: The Force Awakens”.