Cala Marioulu – волшебна дестинација која остава без здив

Cala Marioulu – волшебна дестинација која остава без здив

Италијанската Сардинија е втор по големина италијански остров, кој со години е едно од најелитните и најпопуларните летувалишта во Европа, а она што најмногу ги привлекува туристите во текот на целата година се прекрасните кристално бели плажи, тиркизното море и специфичната атмосфера на овој магичен италијански остров.

И токму на овој италијански остров се наоѓа досега најубавата плажа на Медитеранот; Кала Мариулу се наоѓа на источниот брег на Сардинија, во провинцијата Нуеро. Оваа чудесната плажа со камчиња е опкружена со прекрасни варовнички карпи, целосно покриени со миризливи медитерански растенија кои, заедно со богатата култура, околните живописни градови и неверојатна гастрономија, обезбедуваат уникатно, автентично медитеранско искуство кои многумина го бараат. Кристално чистата вода и големата видливост на оваа локација го направија нуркањето како една од најпопуларните активности на островот, а прекрасните карпи што извираат од морето формираат островчиња на кои лесно можете да испливате.