C-класата на Mercedes доби и нова погонска група од AMG одделението

C-класата на Mercedes доби и нова погонска група од AMG одделението

Со ланска продажба од 415 илјади примероци, Mercedes C-класа е значаен за марката и затоа мораше да се освежи.

Повеќе технички отколку стилски, па така сега располага со нови технологии и погонски групи. Во согласност со трендовите сега е опремен со plug-in хибридна комбинација на дволитарски дизел и моќен електромотор. Погледот во спецификациите го привлекува вниманието, но сигурно не колку кај AMG верзија. Досегашниот 3-литарски твин-турбо V6 мотор за моделот C43 сега е навиен на 390 коњски сили, што не се одразува на перформансите. Максималната брзина секако е ограничена на 250, додека забрзувањето до сто километри на час и натаму останува 4,7 секунди. Затоа пак 9-степениот менувач кој ја дистрибуира силата на сите тркала обезбедува забележливо подобра агилност во средни режими на возење. Тој во комбинација со напредното AMG Ride Control ослонување е заслужен за врвната стабилност во сите услови. Mercedes-AMG C43 4Matic го привлекува вниманието и со дискретните каросериски додатоци од јагленородни влакна и големите 19-инчни тркала.