Буфон: Наскоро ќе откријам кој е мојот следен чекор

Буфон: Наскоро ќе откријам кој е мојот следен чекор

Легендарниот голман на Јувентус, кој пред некој ден се прости од дресот на Старата дама, по 17 години кариера, наскоро ќе објави дали се повлекува од фудбалот или ќе игра некаде во некој друг клуб.

Се верува дека Џиџи е блиску до трансфер во ПСЖ, но се уште останува да лебди дилемата дали е остварливо тоа.

Поради тоа што не сака да ги остави своите фанови во недоумица, самиот Буфон открива дека наскоро ќе се открие кој е неговиот следен чекор.

Потребна ми е една мирна недела, да можам да анализирам се околу мене. Таква одлука сигурно дека не е лесна, во 40-та година тешко можам да се одлучам. Ќе има наскоро одлука за мојата иднина – истакна Буфон.

Џиџи од 2001 година ги брани боите на Јувентус, откако таа година беше купен во рекордно платен трансфер од Парма, вреден 53.1 милиони евра.