Буфон ќе добие суспензија

Буфон ќе добие суспензија

Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон би можел да се соочи со суспензија за несоодветен речник на натпреварот против Парма на крајот на минатата година.

На споменатата средба, Буфон имал жесток разговор со неговиот соиграч Манол Портанов, при што гласно го опцу Бог.

Овој чин не се простува во Италија, па искусниот голман го очекува казна од еден натрпевар.

Казните за вакви прекршоци станаа почести за време на пандемијата на коронавирус, бидејќи натпреварите се играат без публика, па сè се слуша многу појасно.