Брук Шилд го покажа телото на 52 години

Брук Шилд го покажа телото на 52 години

Ѕвездата на филмот „Плава лагуна“, Брук Шилд зачекори во шестата деценија од животот, но тоа на неа не се гледа.

Глумицата и поранешна манекенка во моментов е на одмор па ја користи шансата на светот да му го покаже одлично зачуваното тело. Славната манекенка и актерка очигледно вложува доста труд во грижата за себе, па според нејзиниот изглед би можеле да заклучиме дека има околу 40 години.

На Инстаграм профилот таа постави фотографии во бикини на кои изгледа како двојно помлада.

Bikini life in paradise ?

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields) on

Брук е мајка на две деца и сега научила да се сака себе, но не било секогаш така. Кога била млада, не била задоволна со својата атлетска фигура, што открила во интервју за магазинот Health:

„Секогаш ме сметаа за атлетски градена, во превод – голема. Бев една од оние големите. За среќа, многу фигури денес се прифатени“, рече таа.

Another Blue Lagoon…

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields) on

Открила дека сака од време на време да се препушти во уживање на сладолед и вино и така однапред да се подготви за „успех“. А нејзиниот труд секогаш се исплати.