Бритни Спирс стана заштитно лице на Кензо

Бритни Спирс стана заштитно лице на Кензо

Бритни Спирс е новото заштитно лице на брендот Кензо, а фотографиите се појавија на официјалните профили на социјалните мрежи на познатата модна куќа.

Меѓутоа, првите реакции на фотографиите не биле претерано позитивни. Имено, обожавателите на пејачката се пожалиле дека таа е премногу фотошопирана и дека одвај ја препознаваат. “Воопшто не изгледа како Бритни”, “Не ја ни препознав”, “На фотографиите изгледа како Џесика Симпсон”, “Што ѝ направиле со лицето?” и “Ова не е Бритни!”, се само дел од коментарите од страна на обожавателите.

Фотографиите ги снимил легендарниот фотограф Питер Линдберг.