Бритни Спирс на концертот остана без микрофон, но и понатака “пееше”

Бритни Спирс на концертот остана без микрофон, но и понатака “пееше”

Бритни Спирс вчера имаше концерт во Јапонија, кога и се случи една грешка која стана вистински хит на интернет.

Во текот на изведувањето на песната Slave for you поп ѕвездата ја тргна маската од себе, но со маската го повлече и микрофонот. Бидејќи на нејзините концерти често пее на плејбек тоа не се одрази на нејзиниот глас кој и понатака го имаше во позадина, но публиката  зачудено гледаше во пејачката која се трудеше да го најде микрофонот кој служи како украс.

Во текот на овој инцидент пејачката не се трудеше да ја отвара устата да изгледа како да пее, а и заборави да игра.

Кога конечно го најде микрофонот, продолжи со концертот како ништо да не било.