Бритни Спирс го изгуби старателството над децата

Бритни Спирс го изгуби старателството над децата

Познатата пејачка Бритни Спирс го изгубила старателството врз децата поради нејзиниот татко. Причината е дека таткото го напднал едно од нејзините деца.

На тоа реагирал нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн кој го пријавил Џејми Спирс во полиција, дека наводно го нападнал неговиот постар син Шон.

Детали за несреќниот настан се појавија во јавноста откако американските медиуми дојдоа до судските документи, во кои се гледа дека Федерелин добил 70 отсто старателство над децата, додека Бритни добила право на 30 отсто посети без надзор.

Бритни и Кевин досега го делеа старателството. Тие наводно го имале овој договор од август 2018 година, но дури сега е официјализиран.

Од друга стран, „Бласт“ пишува дека Бритни го изгубила старателството над децата.