Британскиот принцот Луј наполни една година

Британскиот принцот Луј наполни една година

Очекувано,беа пуштени во јавноста нови официјални фотографии на малиот принц.

Слично ги обележаа првите родендени и на нивните постари деца – принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Од палатата Кенсингтон објавија дека фотографиите се направени од војвотката на Кембриџ,Кетрин, во провинцискиот дворец Анмар хол во Норфолк, Источна Англија. На снимката јасно се гледа колку радосно и среќно бебе е принцот Луј. Претходната официјална фотографија, во која е прикажан малиот принц, беше направена минатата година – повторно во Анмар хол и пуштена официјално пред Божиќ.

Луј Артур Чарлс е петти по ред наследник на британскиот престол, по неговиот дедо принцот Чарлс,татко му – принцот Вилијам и поголемите брат и сестра – принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Луј е правнук на британската кралица Елизабета Втора, која на 21 април наполни 93 години.
Фановите на принцот Вилијам и војвотката на Кембриџ, Кетрин едвај ќе разберат како кралската двојка ќе го одбележи празникот на најмалиот син, бидејќи прославата ќе биде во тесен семеен круг, истакна пред неколку дена „Дејли стар“.