BRIT FLOYD ДОАЃА СО ПРОДУКЦИЈА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ!

BRIT FLOYD ДОАЃА СО ПРОДУКЦИЈА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ!

Како што се наближува настапот на Brit Floyd во Скопје, така ве информираме дека продукцијата за ова големо шоу ќе биде масовна и како што вели Damian Darlington којшто е основач на овој бенд, вредна милион долари.

На 14-ти ноември во ВИП Арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видео анимација која ќе ја има во текот на целото шоу.

Концертот на Brit Floyd во Скопје кој е во рамки на турнејата „Тhe Eclipse world tour“ ќе трае два ипол часа, а членовите на бендот (девет на број) ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок бендови на светот на сите времиња.

Подгответе се за вистински спектакл! Се гледаме на 14-ти ноември во ВИП Арена!

Авалон Продукција