Бријаторе: Нема друг кој е така идеален како Алонсо

Бријаторе: Нема друг кој е така идеален како Алонсо

Флавио Бријаторе, познатиот лик од минатото во Формула 1, го изрази своето разочарување што овој мото спорт го загубил еден од најголемите возачи.

Тој со Фернандо Алонсо соработуваше во неколку мандати во историјата на Ф1, прво со Бенетон Рено во периодот од 2003-06 кога Алонсо два пати по ред беше шампион во првенството, за потоа повторно во периодот од 2008 до 2009 да бидат заедно повторно во истиот тим.

Бријаторе го знае добро значењето на Алонсо во овој спорт, петти по ред на севкупниот број на победи, шести по ред по освоени бодови и уште многу статистики кои го величат името на Шпанецот.

Формула 1 загуби големо име, голем возач, еден од најдобрите во овој спорт. Нема друг кој е така идеален како Алонсо, а очајно на Ф1 и е потребен ваков возач. Со Фернандо освоивме две шампионски титули, а сега кога тој се повлекува, можам да кажам дека неговото заминување е исто како Реал Мадрид кој е сега без Кристијано Роналдо – даде интересна паралела Флавио Бријаторе.