Бредли Купер и Ирина Шајк повторно заедно?!

Бредли Купер и Ирина Шајк повторно заедно?!

Актерот и режисер и супермоделот имаат тригодишна ќерка Леа Де Саин, поради која останаа во добри односи, но до денес никој не знаеше во колку добри односи, сè додека не беа видени во прегратка на улиците на Њујорк.

Иако нема официјална потврда за помирување, се чини дека поранешните свршеници се во подобри односи отколку што се сметаше.