Бред Пит гради хотели во Хрватска

Познатиот актер Бред Пит минатата недела беше во посета на Хрвтаска поради изградба на туристички комплекс.

Како пренесуваат медиумите, актерот е заинтересиран да вложи пари во овој голем проект.

Бред беше во придружба на хрватскиот архитект Никола Башиќ кој работи на овој проект.

Новиот проект кој се проценува на 1.5 милијарда долари, подразбира изградба на луксузен хотел, терен за голф, ресторан но и трговски центри.

Сеуште не е познато до кога изградбата на овој комплекс би била готова, но британските медиуми пишуваат дека швајцарскиот инвестиционен фонд ТФИ Холдинг веќе во ова вложил 70 милиони долари.