Бред и Анџелина на суд во декември да го делат имотот и парите

Бред и Анџелина на суд во декември да го делат имотот и парите

Бред Пит и Анџелина Џоли ќе се сретнат на 4-ти декември на суд, по повод бракоразводната парница, на која ќе се разгледува старателството над нивните шест деца, како и распределбата на имотот и парите.

Неофицијален договор околу старателството, актерите успеале да направат уште летото, но изгледа дека сето тоа паднало во вода и дека ќе мора судот да одлучи. Предбрачниот договор, кој парот никогаш не го потпишал, дополнително ја комплицира ситуацијата.

„Важно е да плачеш под туш, а не пред децата. Тие мора да знаат дека сè ќе биде во ред, дури и ти ако не си сигурен во тоа“, рекла неодамна Анџелина. Џоли бара целосно старателство врз децата, додека Пит сака тоа да е поделено, а во целата расправија, веројатно најмногу страдаат децата.

За тоа време, Џоли е во Јужна Кореја со децата, а Бред е во Лос Анџелес, каде глуми во новиот филм на Куентин Тарантино, насловен “Once Upon A Time In Hollywood“.

Иако односот на поранешните сопружници, веќе подолго време е лош, расправијата на Бред со најстариот син, изгледа дека ја прелила чашата. Сепак, во неколку наврати после инцидентот, Бред и Анџелина во интервјуа изјавувале дека и понатаму имаат заедничка цел, а тоа е доброто на нивните деца и мирна, човечка разделба.