Бред, Анџелина, Џенифер, а сега и..

Бред, Анџелина, Џенифер, а сега и..

Ако може да им се верува на гласините, Шон Пен и Анџелина Џоли се многу блиски и се подготвени за врска.

Некогашните добри пријатели стануваат сѐ поблиски. Иако Бред Пит му е близок пријател на Шон Пен, славниот глумец е решен да ризикува сѐ за да ја освои холивудската убавица.

„Анџелина постојано разговара со Шон преку телефон, а тој ѝ кажал дека би сакал да ја изведе на вечера за да ја запознае подобро“, открил изворот и додал дека се познаваат со години.

Имено, Анџелина и Шон поминувале многу време заедно додека Шон во 2011 година го снимал филмот The Tree of Life со нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит.

Шон и Бред се долгогодишни пријатели, но нивниот однос би можел да се искомплицира поради фактот што Шон се зближил со поранешната сопруга на неговиот пријател. Сепак, Шон не сакал да се откаже од Анџелина и подготвен е да ризикува сѐ за неа.

„Тој смета дека Анџелина е прекрасна. Му се допаѓа тоа што е посветена на хуманитарната работа, тоа што е паметна и неверојатно убава. Иако Анџелина не е толку заинтересирана за врска и сака да им се посвети на децата, Шон нема да се откаже додека таа не биде негова“, изјавил изворот за намерите на актерот кој претходно беше во врска со Мадона и Шарлиз Терон.