Божиќната семејна фотографија на Еди Марфи со неговите деца

Божиќната семејна фотографија на Еди Марфи со неговите деца

Еди Марфи несомнено имаше весел Божиќ. 57-годишниот актер и комедијант сподели семејна празнична фотографија на која позира со сите свои ДЕСЕТ деца.

Еди е во центарот на фотографијата и в раце ја држи 2-годишната ќеркичка Изи, додека веднаш покрај него е неговата 29-годишна вереница Пејџ Бучер, во чија прегратка спие нивното новородено синче Макс, кое има само 3 недели.

Со нив позираат и останатите осум деца на Марфи, кои ги има од претходни врски: 29-годишните Ерик и Брија, 28-годишниот Кристијан, 26-годишни Мајлс, 24-годишната Шејна, 19-годишната Зола, 16-годишната Бела и 11-годишната Ангела.

На фотографијата се и мајката на Еди и мајката на Пејџ.Еди и Пејџ се заедно шест години.