Ботас заврши на првото место

Ботас заврши на првото место

Почна Формула 1 шампионатот, а уште на првата трка на „Ред Бул ринг“ во Австрија беше вистинско лудило.

Жестоки дуели, многу откажувања, напната борба за место на подиумот. На крајот возачот на Мерцедес Валтери Ботас заврши на првото место, втор беше Шарл Леклер од Ферари, а трет Ландо Норис oд Мекларен. Бранителот на титулата Луис Хамилтон го загуби местото на подиумот поради казната што ја доби во финишот на трката поради судир со Албон.  Имаше дури 9 откажувања во текот на трката.