Бонер од денес и официјално државјанин на РМ

Бонер од денес и официјално државјанин на РМ

Дјуана Тенис Бонер од денеска и официјално стана државјанин на Република Македонија, со што сега таа добива и ексклузивно право да игра за репрезентацијата, тоа го потврдија денеска од МКФ.

Бонер е трета натурализирана кошаркарка по Гивенс и Парис кои заиграа во репрезентацијата.

Триесетгодишната Американка во своето полно резиме има титули од WNBA и огромно искуство на европско тло играјќи во ФИБА Евролига.

Бонер ќе биде исклучително засилување во ноемврискиот прозорец кога нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција ќе ги одигра двата последни натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за Евробаскет 2019.