Болидот на Ферари со сериозни проблеми

Болидот на Ферари со сериозни проблеми

И покрај надежите и новите делови коишто Ф1 тимот на Ферари го подготви за трката во Шпанија, ниту еден од црвените болиди викендов не успеа да се искачи на победничкиот пиедестал. Највисоките места беа резервирани за возачите на Мерцедес, а на третото место застана возачот на Ред бул, Макс Ферстапен.

Шефот на Ф1 тимот на Ферари, Матија Биното, во изјава за медиумите кажа дека тимот ги анализира податоците од телеметријата и информациите од возачите и оти наскоро ќе се знаат причините за неуспехот на нивниот тим.

Губиме многу во секој свиок. Не се работи само за тоа како болидот лежи на асфалтот, туку и за многу повеќе, односно за целокупниот негов баланс. Потребни се неколку денови да се направи целосна анализа. Можеби е во прашање целиот концепт на болидот. Не сакам ништо да нагаѓам додека не завршат сите анализи – изјавил Биното.