BO ПЕТОК ЗАПОЧНУВА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА THE GENTLEMEN’S EXPO ‘19

BO ПЕТОК ЗАПОЧНУВА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА THE GENTLEMEN’S EXPO ‘19

Уште малку саати не делат до второто специјално издание на the Gentlemen’s EXPO ’19 – “whiskey edition”, овој петок и сабота, 05-06 април, Skopje Marriott Hotel, во организација на Боттега Евенти.

“Почнуваме петочки, опуштено после работа од 17 часот со whiskey after work во swing ритам и посебни мастер класови за амбициозните… Продолжуваме со саботните активности: презентации, работилници, перформанси и хуманитарна џентлменска аукција… Завршуваме елегантно, во убава саботна вечер” – не информираа организаторите од Боттега Евенти.

“Картите се од 300 и 600 денари со кредити за дегустација на преку 20 видови на виски пијалоци. Останатото ќе биде слободна EXPO зона.”

Во текот на двата EXPO денa ќе биде претставена добра селекција на брендови кои ги преферираат мажите, кои преку интерактивна презентација ќе понудат несекојдневни искуства за посетителите. Исто така за прв пат ќе биде организирана дегустација на преку 20 различни видови нa виски. Набавете карти online за вас и вашите пријатели на: http://tickets.gentlemensexpo.mk/mk/

Kарти на влезот на expo-то секако ќе има, но во ограничен број!

Одберете квалитетно секојдневие!