BMW Z4 , спој на елеганција и агресивност

BMW Z4 , спој на елеганција и агресивност

Германската компанија за тјунирање, Манхарт, својата репутација ја стекнала преку тјунирање на BMW автомобилите, а сега на Фејсбук објавила рендер за тјунерската програма за модел Z4.

Механичките детали се малку, но рендерот барем го открил изгледот на боди китот и другите визуелни подобрувања. На прв поглед може да се види дека пакетот вклучува и графички детали, линии во златна боја над каросеријата, како и странични линии што потсетуваат на оние кои ги гледаме на Shelby Mustang.

Манхарт, големите отвори на предниот и страничниот браник ги украсиле со линии со златна боја. Сите додатоци кои го нагласуваат приодниот изглед на моделот Z4, го прават поагресивен без нарушување на оригиналните линии. Тие всушност само ја истакнуваат природната убавина на автомобилот, следејќи го оригиналниот облик.

Спецификациите на моторот и шасијата се непознати и за нив ќе мора да почекаме.