BMW развива електрични автомобили со автономија од 600 km

BMW развива електрични автомобили со автономија од 600 km

Германскиот премиум гигант „BMW“ наводно развива четврт модел од новата генерација на електрични автомобили.

Иак нема официјална потврда, медиумите шпекулираат дека по моделите „i3“, „i8“ и „i4“ кои се развиваат врз база на „Serieѕ 4“, пристигнува и „i7“.

„BMW“ уште во 2012-та ги регистрираше правото да именува возила од „i1“ дo „i9“ и тоа го обнови минатата година.

Се шпекулира дека „i7“ би можел да биде целосно електрична верзија на следната генерација на моделот „Serieѕ 7“.

Се верува дека овој електричен „BMW“ ќе има автономија на движење до 600 километри помеѓу две полнења.

Со оглед на животниот циклус на „Serieѕ 7“ и густиот распоред на новите „plug-in“ модели, се очекува дека „BMW“ потенцијалниот „i7“ да го лансира во 2022-ра.