BMW ја претстави новата верзија на М2 купе

BMW ја претстави новата верзија на М2 купе

BMW ја претстави најмоќната верзија на своето М2 купе, „тркачки автомобил со регистарски таблички“ под ознаката CS.

Најмалиот автомобил во портфолиото на М одделот ја доби својата најжестока верзија. BMW M2 CS своето деби пред публика ќе го има на автосалонот во Лос Анџелес, а сега ја има својата интернет премиера.

Баварскиот производител јасно е дека направил сериозен напор за чекор напред во однос на M2 Competition, во секој поглед. Визуелно, јасно е дека ова е различна варијанта. М2 CS има отвор за воздух во централниот на хаубата, која е изработен од армирана пластика засилена со јаглеродни влакна, со што ова издание е значително полесно од челичната верзија што се користи во M2 Competition.

Што се однесува до другите визуелни карактеристики на надворешноста, тука се новиот сплитер, спојлер и дифузер, сите изработени од карбон. Заради престиж, но и перформанси, достапни се нови 19-инчни алуминиумски фелни, достапни во мат златна боја.

BMW M2 CS се придвижува со 3.0-литарски твин-турбо мотор со шест редно инсталирани цилиндри. Овој мотор развива дури 450 КС, што е за 40 КС повеќе од M2 Competition. Моќта на задните тркала се пренесува преку 6-степен мануелен менувач или опционално преку 7-степен автоматски менувач. Верзијата со рачен пренос до стотка забрзува за 4,2 секунди, додека со автоматски менувач тоа трае нешто помалку – само 4 секунди. Максималната брзина е 280 km/h.

Поради подобрите перформанси, M2 CS всушност нема помала маса од M2 Competition. Дополнително намалување е можно ако купите опционални карбон-керамички сопирачки.

Промените во внатрешноста се сепак мали. Вреди да се напомене дека М седиштата се стандардна опрема, додека аудио системот е со логото на Harman Kardon.