BMW ја претстави First Edition X5 M Competition

BMW ја претстави First Edition X5 M Competition

BMW направи некои суптилни промени за да ги разликува First Edition моделите во споредба со послабите варијанти.

Автомобилот е достапен во BMW Individual Frozen Dark Silver боја и BMW Individual Frozen Marina Bay Blue боја, два мат финиши кои перфектно го нагласуваат мускулестиот финиш на SUV моделот. Тука се и M лесните тркала од алуминиумска легура финиширани во Jet Black со големина од 21 напред, односно 22 инчи на задната страна.

Кога станува збор за внатрешноста, First Edition моделот вклучува BMW Individual Merino целосно кожен трим во ексклузивна двобојна конфигурација од Silverstone и Midnight Blue. Тука се и инсертите од црна Алкантара на седиштата, како и контрастниte Sakhir Orange шевови низ седиштата и панелите на вратите. BMW Individual прекривката за покривот во Алкантара и финиширана во Midnight Blue дава свој удел во уникатниот изглед на овие ограничени модели. На крајот, тука се големиот број акценти во карбон и First Eidition 1/250 натпис.

Никакви механички модификации не се направени, а BMW нема соопштено детали за цените, ниту пак на кои пазари ќе бидат пласирани X5 M Competition.