BMW ја подготвија и новата серија 4

BMW ја подготвија и новата серија 4

Премиерата на BMW серија 4 беше закажана за на 01.06.2020 година во 18 часот.

Изгледот на овој баварски модел е токму каков што се очекуваше – со голема маска. „Бубрезите“ никогаш не биле толку големи кај некој сериски модел, а забележливо е и драстичното зголемување на нивната висина на предниот дел од возилото. Кај ентериерот пак нема да има изненадувања – ќе биде пресликан од серијата 3. Од таму ќе биде земена и палетата мотори, од која ќе бидат исфрлени најслабите. Така, до појавувањето на М4 се очекува најсилен да биде шестцилиндричниот бензинец со 374 KS. Повеќе за BMW 4 после премиерата.