BMW го претстави серискиот Series 8

BMW го претстави серискиот Series 8

Германскиот производител на „BMW“ официјално го претстави новото купе кој ќе се нарекува „Series 8“.
Дизајнот на автомобилот е во стилот на истиот концептен модел презентиран пред една година. Должината е 4.843 мм, ширината е 1.902 мм, а висината е 1.341 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2.822 мм.

Сепак сериската варијанта се разликува по некои елементи – решетката на ладилникот и воздух се во друга форма, оптиката е зголемена во димензии, исто така се различни капакот и ретровизорите. Во принцип, сепак, концептот се повторува, но со значително променети детали.


Предводникот на Баварците ќе биде достапен со бензински и дизел мотори. Првиот е 4.4-литарски V8 со две нови турбини со двоен свиток, развивајќи моќ од 530 КС. Оваа верзија забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,7 секунди и максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч. Потрошувачката на гориво е 10.0-10.5 л/100 км.


Дизел верзијата е 3.0-литарски 6-цилиндричен мотор кој развива 320 КС. Со тоа, возилото до 100 км/ч од местото стигнува за 4,9 секунди, и тука максималната брзина е поставена на 250 км/ч. Потрошувачката на гориво, според производителот, изнесува 5,9-6,2 л/100 км. Двата мотори работат со 8-степен „Steptronic“ менувач (дело на „ZF“) и погон на четири тркала.


Во стандардната опрема на моделот влегува „LED“-оптика, а како опција се нуди светла „BMW Laserlight“ кои осветлуваат на растојание од 600 метри пред возилото. Во кабината уште во основната верзија влегуваат природна кожа, безкабелен полнач, „Hi-End“ акустичен систем „Bowers & Wilkins Diamond Surround Sound System“, инструмент панел „BMW Live Cockpit“ со дијагонала од 10,25 инчи и мултимедијален систем со 12,3-инчен екран.


Возачот и неговите придружници, исто така, можат да се потпрат на најсовремените безбедносни системи и асистенти. Тие вклучуваат систем за предупредување за судир, систем за помош за паркирање и адаптивна контрола при патувањето.
Идејата на раководството на компанијата е моделот да биде конкурент на „Porsche 911“ и „Mercedes-Benz S-Class“, за да може да се натпреварува успешно со нив. Барем тоа го тврди главниот менаџер на „BMW“, Сара Лесман, која пред „Autocar“ е категорична дека „BMW Series 8“ ќе нуди динамички карактеристики блиски до оние на „911“, и комфор и луксуз како кај „S-Class“.


Првите автомобили ќе бидат достапни на дилерите во ноември, а нарачки веќе се прифаќаат на некои пазари. Основната верзија на моделот ќе стартува од 87.345 евра, а топ-варијантата со V8 мотор од 114.572 евра.