BMW го претстави освежениот M5 модел

BMW го претстави освежениот M5 модел

M5 добива нов преден браник со редизајнирана предна маска, нови отвори за воздух, како  и нови предни светла.

Задниот дел исто така добива нов браник со редизајниран дифузер, како и нови задни светла со нагласено-тродимензионална графика. Меѓу другото, купувачите добиваат и две нови бои – Brands Hatch Grey и Motegi Red Metallic, како и нови, 20-инчни тркала кои доаѓаат од М8.M5 и понатаму го користи 4.4-литарскиот твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 600 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач и xDrive систем со 2WD, 4WD и 4WD Sport режими. Сета оваа сила му овозможува на моќниот M5 да катапултира до 100 километри на час за само 3.4 секунди, односно до 200 километри на час за 11.1 секунда.

Доколку сакате уште повеќе перформанси, тука е M5 Competition кој го добива истиот V8, но дополнително доработен да испорачува 625 коњски сили и 750 Nm вртежен момент – оваа изведба забрзува до 100 километри на час за 3.3 секунди, а до 200 километри на час за само 10.8 секунди. Во однос на „обичниот M5“, Competition изведбата добива и доработена суспензија со нови амортизери. Двете изведби имаат максимална брзина од 250 километри на час, но доколку доплатите за M Driver’s Package, максималната брзина расте на 305 километри на час.