Blloc е најдобриот паметен телефон

Blloc е најдобриот паметен телефон

Blloc е минималистички паметен телефон кој комбинира оперативен систем, штеди батерија со ефикасен хардвер и интуитивни платформи за пораки.

Од лансирањето на Nokia matrix телефонот и Light Phone 2, новиот Blloc паметен телефон е најнов и веројатно најдобар телефон кој применува минимализам како технологија. Креиран за да го намали одвлекувањето на вниманието и опседнатост со заоблен екран, Blloc паметниот телефон и понатаму ги содржи Вашите омилени функции, но ги максимизираше своите перформанси и функционалност.

Една од неговите главни карактеристики е редизајнираниот ОС кој штеди батерија, која има подолг век на траење во однос на конвенционални телефони со обичен ОС. Дизајниран е во целост да работи во монохроматски манири, овој телефон штеди неверојатна количина на струја, претставувајќи сè во сиви тонови. Сепак, доколку гледате бои на снимките, фотографиите, портали и слично, со едноставен допир на прстот на сензорот на LCD екранот ќе добие полн спектар на бои.

Клучната особина на овој модел, наречена Root е она што Blloc се гледа како home screen. Овде се наоѓаат сите есенцијални апликации и алатки на Вашиот телефон, мејлови, временска прогноза, мапи, WhatsApp или Spotify. Овој едноставен ОС нема многу детали кои ќе Ви го одвлекуваат вниманието со емитувањето на светлите точки, броеви, банери и известувања.