Близначињата на Кристијано Роналдо го прославија првиот роденден

Близначињата на Кристијано Роналдо го прославија првиот роденден

Кристијано Роналдо има за што да се радува. Близначињата Ева и Матео, кои португалскиот фудбалер ги доби благодарение на сурогат-мајка, го прославија својот прв роденден.

 

На роденденската забава беа и другите негови деца, Кристијано Џуниор и Алана Мартина, неговата девојка Џорџина, мајка му Марија Долорес и бројни пријатели и роднини.

Роналдо сподели фотографија на која во базен ужива со близнаците, синчето Кристијано Џуниор и Џорџина, додека во позадина во релаксаторот си лежи нивната ќеркичка Алана Мартина.

„Моите бебиња Ева и Матео денес го слават првиот роденден! Честитки, мои сакани деца!“ – напиша тој во описот.