Блек Лајвли со креација која потсетува на Дедпул!

Блек Лајвли со креација која потсетува на Дедпул!

Актерот Рајан Рејнолдс активно го промовира вториот дел од филмот со супер херојот „Deadpoоl“. На прикажувањето на филмот во Њујорк, 42-годишниот актер беше придружуван од сопругата Блејк Лајвли.

Додека холивудскиот заводник беше облечен во костум од Брунело Кучинели, неговата сопруга 30-годишната актерка носеше креација од Брендон Максвел. Она што остана забележано беа боите на нејзиниот фустан црно и црвено, со кои дефинитивно потсетуваше на херојот од филмот, односно на својот сопруг. Сигурно и тоа и била намерата!