Блејк Лајвли заведуваше во сребрена креација

Блејк Лајвли заведуваше во сребрена креација

Версаче организираше ревија во Њујорк, на која беа прикажани моделите од предесенската колекција.

Голем број славни личности од првите редови го следеа модното шоу кое им го приреди Донатела Версаче. Блејк Лајвли со стил зачекори на црниот тепих.

31-годишната актерка шармираше во сребрена асимертична креација од Версаче и впечатливи салонки од Кристијан Лобутин.