Блејк Лајвли започна со активна промоција на својот најнов филмски проект „Rhythm Section“.
32-годишната актерка присуствуваше на премиерата на филмот во Њујорк. На црвениот тепих, харизматичната ѕвезда се појави во црна кадифена креација од Долче и Габана.
Својот моден избор, сопругата на Рајан Рејнолдс го надополни со чизми од Кристијан Лобутин и накит од Лорејн Шварц.