Блејк Лајвли драстично го промени својот изглед

Блејк Лајвли драстично го промени својот изглед

Блејк Лајвли сега е сосема непрепознатлива со направената драстична промена на физичкиот изглед, па од долгата коса, сега нема ни трага.

Имено, актерката која се прослави со улогата на Серена во хит-серијата „Озборувачка“, позната е по својата долга руса коса која одлично и стои. Меѓутоа, актерката за потребите на снимањето на новиот филм, морала да го смени изгледот.

Блејк на Инстаграм објави фотографија, а фановите едвај ја препознаа. Дури и сестраѝ не ја препозна, па ѝ искоментирала под фотографијата:

„Непрепознатлива си“, напишала Робин Лајвли.

Иако оваа фризура ретко на кого стои, фановите се согласија дека Блејк убаво ја носи.