Блејк Грифин во Детроит Пистонс реди само победи

Блејк Грифин во Детроит Пистонс реди само победи

Откако пристигна Блејк Грифин во Детроит Пистонс, работите се свртија 360 степени во подобра насока и клубот реди само победи.

Тоа се потврди и во вчерашниот натпревар против Портланд со финален резултат од 111:91. Грифин успеа за 30 минути игра да постигне 21 поени, 9 скокови и 6 асистенции, a имаше помош од Андре Драмонд, кој го заврши мечот со дабл-дабл од 17 поени и 17 скокови и од Антони Толивер кој постигна 15 поени.

Во поразениот тим Демијен Лилард постигна 20 поени и Си Џеј Меккалум поентираше со 14 поени.

Ова за Детроит беше 26 победа а има и 26 порази, додека за тимот на Блејзерс ова беше 25 пораз а има 29 победи.