Блејк Грифин синоќа заработи повреда откако се сопна од противнички играч

Блејк Грифин синоќа заработи повреда откако се сопна од противнички играч

Блејк Грифин синоќа заработи повреда откако по неполни десет минути игра, при еден влез од десната страна се сопна од противнички играч по што со главата удри во лактот на Џавејл Мекли.

Грифин падна на подот и остана да лежи неколку минути додека лекарите му укажваа помош.

Блејк е силно момче и мислам дека ќе биде добро – изјави по средбата неговиот соиграч Де Андре Јордан.

Според првичните информации Грифин претпрел потрес на мозокот, а се уште не се знае колку ќе паузира.

Ја следиме неговата состојба и мораме да бидеме внимателни. Ќе се потрудиме брзо да закрепне од контузијата, изјавија од лекарскиот тим на Клиперси.