Билетите за концертот на Стинг во Скопје се веќе распродадени

Билетите за концертот на Стинг во Скопје се веќе распродадени

Само неколку дена од пуштањето во продажба, распродадени се билетите за концертот на Стинг во Скопје, соопшти организаторот „Авалон“. За прв пат се случува настап на ваква светска ѕвезда да се продаде за толку кусо време.

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“, по повод истоимениот албум, на 15 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња – големиот Стинг